Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Како што пишуваат шпанските медиуми, Севиља го контактирала Реал Мадрид поради можен трансфер на Серхио Регилон ова лето.
22-годишникот оваа сезона одигра 22 натпревари за Реал, а клубот од Андалузија верува дека би можел да го доведе, откако Ферланд Менди ќе потпише за Реал.
Со обзир на тоа дека Марсело е исто така тука, Регилон би бил вишок во тимот, а Севиља сака тоа да го искористи.
ТУка се исто Алаваес, Леганес и Борусија Дортмунд кои покажаа интерес за овој играч, но доаѓањето на Лопетеги на клупата на Севиља му даде предност на овој клуб.
Тренерот Зидан во последниот дел од сезоната покажа дека смета на Марсело иако тој се доведува во врска со Јувентус, па заминувањето на Регилон во Севиља можеби би било и најдобар потег.