Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Гелзенкирхен патува чекот со 50 милиони евра.
Цело лето чекавме потврда и дојде денот за тоа. Лерој Сане замина на медицински прегледи и потпишување на договор со Манчестер Сити. Според информациите на Билд овој трансфер ќе чини 50 милиони евра, а главнината ќе биде 37 милиони.
Доаѓањето на суперталентираниот фудбалер го поставува и прашањето кој ќе мора да си замине бидејќи Гвардиола на офанзивните позиции во средниот ред има голема гужва. Покрај Сане ова лето стигна и Нолито, па и младиот украинец, Зинченко, а од порано тука се Навас, Силва, Де Брујн, Стерлинг и Насри.