Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Трансферите на Мусачио Зјелински сега се под големо знак прашање.
Ситуацијата се промени во однос на некои порани времиња. Тогаш клубовите ги молеа играчите да одбијат понуда од богатите клубови и да останат. Сега ги молат да ја прифатат. Финанската добивка просто е премногу примамлива, а на челниците на Милан очите искри им фрлаа кога видоа дека Вест Хем понуди 30 милиони евра за Карлос Бака, точно колку што Росонерите платија на Севиља во минатиот јули.
Сите во Милан ја прифатија, но Бака ги изненади кога писмено ги информира Чеканите кои му понудија четиригодишен договор и плата од 4.5 милиони евра по сезона дека одбива преселба во Лондон, сакајќи да игра во клуб кој игра во Лигата на шампионите.
И можете тогаш да замислите колку се изненади кога по враќањето во Милано сфати дека управата го исфрли од подготовките за припремите во САД. Росонерите се надеваа на информација: Официјално, Вест Хем го доведе Бака. Какво разочарување кога го видоа Бака со куфери, спремен да полета за Америка.
Сега е дилема пред управата на клубот, но и пред самиот играч. Желбата на Бака е Пари Сен Жермен, но како што неговиот поранешен тренер од Севиља Унаи Емери има веќе тројца играчи надвор од Европската унија (Тиаго Силва, Анхел Ди Марија и Лука) тоа е малку веројатна опција. Се споменуваат и Арсенал и Борусија Дортмунд (само ако замине Пјер Емерик Обамејанг), но и тоа е нереална опција.
На Бака не му се брза. Има време до 31 август. Росонерите се тие кои се нестрпливи. Без парите од Бака нема ни Матео Мусачио (Виљареал) ни Пјотр Зјелински (Удинезе).