Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека никој од соиграчите на Лионел Меси не се огласил откако Аргентинцот реши да остане во Барселона уште една сезона.
Меси на крајот на август официјално побара да го раскине договорот со Барселона, но каталонскиот гигант не му дозволи.
Шпанско радио сега открива дека во соблекувалната имало конфликт бидејќи соиграчите на Меси не се огласиле поради останувањето на Аргентинецот, кој е разочаран од нивните реакции.
Меси смета дека Барселона следната сезона нема да биде конкурентна во борбата за трофејот во лигата на шампиони, а тоа не им се допаѓа на неговите соиграчи.
Сепак, цела оваа драма во Барселона може некој скапо да го чини, а според каталонските медиуми Антоан Гризман е на излезна врата, па останува да видиме што ќе се случи со него.