Конкурс за партнер на Алаба во одбраната на Реал, постојат три кандидати!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Серхио Рамос е минато, а Рафаел Варан е на праг до преселба во Париз, па сега Реал Мадрид бара нов партнер за Давид Алаба, кој неодамна потпиша договор со нив.

Алаба ќе го замени Рамос, а репрезентативецот на Австрија може да покрие повеќе позиции во тимот, а тука е и Милитао кој покажа дека има квалитет минатата сезона.

Шпанските медиуми пишуваат дека Карло Анчелоти ќе може да бира меѓу три дефанзивци, а еден од нив е Пау Торес од Виљареал, како и Кунде од Севиља, но за него ќе мора да се плати сума од 70 милиони евра.

Анчелоти го сака и Калиду Кулибали, но тоа ќе биде тешка битка затоа што Аурелио Де Лаурентис не сака да го пушти својот дефанзивец, па досега одби ненормални понуда за негов трансфер.