Конор МекГрегор се враќа во октагонот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Конор Мек Грегор најверојатно се враќа во октагонот со борба што ќе се одржи на 11 јули.

Така тврди неговиот тренер Овен Роди, кој му потврди на ЕСПН дека најверојатно датум за враќање е 11-ти октомври.

„Тој веројатно ќе се врати на 11 јули. Тоа е планот, исто како и да го врати УФЦ во живот, после сè што се случува. Мислам дека Конор ќе се бори на тој датум“, рече Роди и тогаш тој откри и потенцијален ривал“.

“Искрено, сите се во игра, но можно е дека тоа ќе биде Џастин Гаејте. За него има многу добри работи, тој е атрактивен борец и јас би сакал да го видам тоа. Би можеле да бидеме подготвени за јули “, истакна тој.

Конор се враќа по година и пол од октагон во јануари оваа година со експресната победа над Доналд Цероне.