Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанска „Република“ пишува дека тренерот Антонио Конте бил жртва на измама вредна 30 милиони евра уште додека бил тренер на Челси.
Измамата наводно ја извршил 54-годишниот инвеститор Масимо Бочичо, сопственик на неколку инвестициски фирм во Велика Британија. Конте му доверил 30,6 милионии евра за инвестирање и очекувал сличен профит, но парите никогаш не ги добил.
Италијанците пишуваат дека неодамнешната изјава на Конте дека ќе го напушти Интер е токму поради фактот што спомена дека приватниот живот е една од причините поради кои не сака да работи.
„Нешто се случи, нема смисла да зборувам. Мора да видиме дал се подготвени за уште една ваква сезона по тоа што ми се случи. Имам семејство ии морам да решам дали во животот приоритет ми е тоа или фудбалот“, кажа Конте.