Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Интер вчера со пресврт го победи Торино и освои три бода по две кола без победа, па благодарение на тоа скокна до второто место во Серија А.
Тренерот на Интер, Антонио Конте третпат во последните четири натпревари на клупата го остави Кристијан Ериксен, кој пристигна како засилување од Тотенхем.
„Мораме да држиме одредено ниво на игра. Потребен ми е баланс и прават такви потези. Ерикасен напредува и свесен е дека дојде во амбициозен клуб, кој од него очекува и бара многу. Тука очекувањата се големи. Колку ти е поголемо името, толку поеќе се очекува од тебе. Работев во Англија, таму ситуацијата е полесна и помирна. Ериксен е вредно момче и работи, но некои одлуки мора да ги донесам за доброто на клубот“, кажа Конте.