Конте го враќа Челси во врвот: Два одлични играчи за врска на мета на Сините

Антонио Конте ќе го превземе Челси, каде што сигурно не го очекува лесна задача.

Ќе биде тешко да го врати некогашниот шампион на врвот, но не е и невозможно.

Според наводите на британски The Sun, Челси ја разгледува можноста за доведување на 23-годишниот играч за врска на Лацио, Фелипе Андерсон.

Во минатото одличниот фудбалер се поврзуваше со Барселона, која се чини се откажа од негов ангажман.

Истотака, како ново засилување се споменува и Н`Голо Канте.

Британските медиуми тврдат дека токму Сините се најблиску до ангажирање на одличниот играч за врска на Лестер.

Рома одби две големи понуди за Раџа Наинголан, и клубот од Стенфорд Бриџ се сврте кон алтернативи.

Наводно Сините се спремни да ја платат откупната клаузула од 20 милиони фунти, но за францускиот репрезентативец од Лестер се интересираат и кинески клубови.