Конте и дефинитивно ја прифати понудата на Интер: Но, што ако се јави „Старата дама“…?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека Антонио Конте од следната сезона сигурно ќе го предводи Интер.

Конте веќе една година е без ангажман откако заработи отказ во Челси, но се уште е под договор врзан за лондонскиот клуб бидејќи не можеа да се договорат околу висината за обештетата која требаше да ја добие италијанскиот стратег.

Но, Конте одлучи дека е време да се врати на тренерскиот ангажман и на интересен начин доојде до идеја да го надокнади изостанатото од Челси. Од клубовите кои сакаат да го донесат веднаш побара годишна плата од 9 милиони евра или во спротивно веднаш ги одбиваше преговорите.

Како што се наведува, Интер е подготвен да ги исполни сите услови и многумина очекуваат дека Конте следната сезона ќе го гледаме на клупата на клубот од „Меаца“. Но, Кориере дело Спорт пренесува дека некогашниот италијански селектор се уште се надева на повиокот од Јувентус.

Конте со Интер се уште ништо не потпишал иако веќе се договорија околу условите на договорот, а како што се наведува тоа го одлучил бидејќи се уште постои можност да се врати во Јувентус.

Овој италијански стратег им порача на челниците на Интер дека догвоорот ќе го потпише дури на крајот од сезоната, а доколку од Јувентус дојде некоја понуда тогаш е јасно дека нема да има ништо од заминување на „Меаца“.

Покрај Интер и Јувентус, интерес за овој тренер покажаа уште ПСЖ и Манчестер Јунајтед.