Конте има нова желба – Роман, реагирај


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Скај Спорт тврди дека фудбалерот на Лацио е на мета на Челси.

Марко Пароло е голема желба на новиот тренер на Челси, Антонио Конте.

Сините ќе се обидат да го доведат 31-годишниот играч за врска кој одлично одигра на ЕП. Важна улога во евентуален трансфер ќе има Конте кој со Пароло соработуваше во репрезентацијата и го гледа како дополнителна конкуренција во средината на теренот.

Пароло во текот на кариерата има играно за Комо, Пистоесе, Верона, Чезена и Парма пред да стигне во 2014-та година во Лацио. За репрезентацијата на Италија има одиграно 24 натпревари.

Цената на овој фудбалер е околу 7 милиони евра.