Конте јасно порача дека Икарди нема веќе што да бара во Интер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Интер синоќа на свој терен убедливо го совладаа тимот на Лече со 4-0 во првото коло од Серија А.

Интер на најдобар начин ја отвори сезоната, а на Меаца на клупата на овој тим дебитираше и Антонио Конте кој веднаш ги воодушеви навивачите на Интер со играта на овој тим.

Клубот од Меаца славеше со 4-0 во одлична игра во текот на сите 90 минути. Дебитантски гол постигна и Ромелу Лукаку кој пред неколку недели пристигна во Интер од Манчестер Јунајтед. Конте на овој порача дека Белгиецот покажал поради што е доведен во Интер.

„Лукаку покажа поради што толку многу се трудевме да го доведеме ова лето. Не смееме да заборавиме дека тој не чинеше 65 милиони евра кои ќе бидат платени во тек на пет години и кога луѓето коментираат околу трошењето на парите тоа воопшто не е многу“, рече Конте.

Тренерот на Интер ниту овој пат не можеше да го избегне прашањето за Мауро Икарди за кого говореше како за поранешен играч на овој клуб, што најдобро покажува во каква ситуација се наоѓа Аргентинецот.

„Марота даде јасен одговор на тоа прашање. Во минатата сезона имавме неколку клучни играчи и тројца ги пуштивме, а тоа се Перишиќ, Нианголан и Икарди. Тоа е тоа“, додаде тренерот на Интер.