Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Арсенал веќе одамна е во потрага за квалитетен стопер, а се чини дека првиот избор беше стоперот на Валенсија Шкодран Мустафи.
Репрезентативецот на Германија сепак сеуште не стана Топџија, а веројатно и нема.
Имено, ББС тврди дека во трката неодамна влезе Челси, кој е спремен да плати 25 милиони евра за дефанзивецот.
Да потсетиме, Мустафи пред две години стигна на Местаља од редовите на Сампдорија за осум милиони евра, и набрзо стана еден од најдобрите стопери во Примера.
Антонио Конте, баш како и Венгер, сака да ја засили последната линија, бидејќи засега на располагање ги има Тери и Кејхил.