Конте краде засилување на Венгер: Одличниот дефанзивец на чекор од Сините


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал веќе одамна е во потрага за квалитетен стопер, а се чини дека првиот избор беше стоперот на Валенсија Шкодран Мустафи.

Репрезентативецот на Германија сепак сеуште не стана Топџија, а веројатно и нема.

Имено, ББС тврди дека во трката неодамна влезе Челси, кој е спремен да плати 25 милиони евра за дефанзивецот.

Да потсетиме, Мустафи пред две години стигна на Местаља од редовите на Сампдорија за осум милиони евра, и набрзо стана еден од најдобрите стопери во Примера.

Антонио Конте, баш како и Венгер, сака да ја засили последната линија, бидејќи засега на располагање ги има Тери и Кејхил.