Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, истакна дека медиумите треба да му бидат благодарни на неговиот клуб бидејќи трката за титулата во Серија А сè уште е жива.
„Нашата цел е да го направиме Интер нервозен, и тоа го правиме. Заостануваме три бода зад екипата која одлично игра во Лигата на шампионите, а исто така е успешна и во домашното првенство и купот.
„Мислам дека некој од медиумите треба да ни се заблагодари што го одржуваме првенството неизвесно. Без Наполи, прашањето за шампионот веќе би било решено, на телевизија не би имало толку многу емисии за Серија А, а и весниците би се продавале помалку“, рече Конте откако неговиот тим во понеделникот во последниот натпревар од 32-то коло на италијанското првенство дома го победи Емполи со 3:0.
Фото: Napoli/FB