Конте: Не им зборував многу на фудбалерите на полувремето


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Интер синоќа со голем пресврт го совлада Милан со 4:2.

Милан поведе со 2-0 и се чинеше дека се е готово по првите 45 минути. Сепак, избраниците на Антонио Конте одиграа многу порешително во продолжението и тоа им ја донесе победата.

Сите беа заинтересирани за тоа што Конте им кажал на полувремето на играчите.

“Имаше можност да нè прегазат. Сепак, се вративме во рамнотежа и верувавме во тоа што го правиме. Заслугите се за играчите. На полувремето не им кажав многу. Тие беа свесни дека мора да преземат одговорност, ние останавме обединети и заедно баравме спас. Оваа победа ќе ни значи многу на секој начин”, рече Конте.

Интер сега има исти бодови како Јувентус.

“Премногу е рано да се зборува за борба за шампион. Можеме да сонуваме за тоа, но мора да имаме ист пристап на секој натпревар”, додаде Конте.