Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓
Наполи го освои Скудетото, а Антонио Конте беше виден како „бивш“ тренер. Сепак, целосен пресврт се случи синоќа, Наполи ја договори соработката со Италијанецот кој останува во Неапол. Ова го потврди и тренерот.
„На крајот на секоја сезона постои дискусија помеѓу тренерот и клубот, за да се осврне на сезоната и да се сфати дали имаме иста визија за иднината, иста визија за победување.
Ние имаме иста визија. Ние сме сериозни луѓе. Разговаравме, ја оценивме сезоната, позитивните и негативните нешта“, рече тој.
Додаде и дека има за цел Наполи да остане на врвот.
„Прославувањето на Скудетото е неверојатно. Постои желба да се продолжи со градење на основата за Наполи, да се движиме во правец кој ќе ги направи Наполитанците горди“, рече Конте.
Претседателот на клубот Де Лаурентис веќе има направено некои планови за летото.
„Важна сезона е пред нас“, рече Де Лаурентис.
„Конте е гаранција, јас ќе се потрудам да направам се што тој сака за да го зајакнеме Наполи и да постигнеме најдобри резултати“, рече Де Лаурентис.
Конте сигурно ќе остане и за наредната сезона, а потоа неговата судбина е неизвесна.
Фотографија: Принтскрин