Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен излезе како најголем губитник на крајот на летниот преоден рок затоа што му пропадна можност да се пресели во Челси или во Саудиска Арабија.
Осимен не сакаше да ги намали барањата и не се договори со Челси, а тренерот на Наполи, Антонио Конте му посочи дека повеќе нема да добие шанса во тимот.
„Нема да го вратиме фудбалерот во екипата. Одлуките се веќе донесени. Осимен решил да не игра за нашиот тим, кој се обидел да помогне и да го реши проблемот, но ништо не се случи“, кажа Конте.
Ова значи дека Осимен ќе остане надвор од екипата најмалку до јануари.