Конте пристигнува во Интер, но Спалети ќе добие големо богатство поради тоа


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Интер синоќа во неверојатен меч успеа да го победи Емполи со 2-1 и да се пласира во Лигата на шампиони.

Клубот од „Џузепе Меаца“ пред своите навивачи стигна до трите бода со кои обезбеди место во топ-4.

Тренерот Лучано Спалети ги исполни очекувањата на клубот и избори место, кое води во Лигата на шампиони, но јасно е дека тој нема да остане на тренерската позиција и идната сезона.

Италијанските медиуми пишуаат дека Антонио Конте се договорил со Интер, па до крајот на неделата ќе биде претставен како нов стратег.

Сепак, Спалети трие раце поради тоа, зашто ќе добие неверојатни 25 милиони евра поради отказот.

Спалети ги сака парите од Интер, зашто верува дека не заслужил отказ, а неговата банковна сметка дефинитивно ќе се зголеми откако ќе ги добие овие средства.