Конте сакаше да ја исправи „грешката“ на Мурињо со 57 милиони фунти!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанецот сака уште засилувања, но неговата п онуда никој сеуште не ја прифати.

Пишувавме дека испрати 38 милиони фунти тешка понуда на адреса на Наполи за услугите на Калиду Кулибали, но таа понуда е одбиена. Наполи сака да го задржи лидерот на одбраната.

Сега Челси тргна и по шпиц и тоа ни помалку ни повеќе веќе по Лукаку.

Испратија Сините понуда тешка 57 милиони фунти на Гудисон но таа е ОДБИЕНА, наведува Дејли Мирор.

Наводно Роналд Куман го „обележа“ својот голгетер на цена од 75 милиони фунти!

Холандскиот стручнак не сака да се откаже од својот напаѓач, па му постави цена еквивалентна на таа која Наполи го вреднува Игуаин.

Наполитанците убаво заработија, бидејќи Јуве ја исплати откупната клаузула (засега само пола), но тешко ќе биде Челси да оди преку 57 милиони евра, а се укажува на тоа дека Лукаку нема да го гледаме повторно во дресот на клубот од Стенфорд Бриџ.