Конте се враќа на тренерската работа: Ќе го преземам клубот, кој ќе има најдобар проект!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Антонио Конте е подготвен за нови предизвици, па остана уште да потврди кој клуб ќе го преземе, а тоа најверојатно ќе го направи набрзо.

Италијанскиот тренер се поврзуваше со голем број екипи, па речиси сигурно ќе се врати во татковината да работи, а меѓу клубовите кои му испратиле понуди се Интер, Милан и Рома.

„Уште не знам која понуда ќе ја прифатам. Ќе го изберам тимот со проект, кој ќе ме мотивира“, вели Конте.

Да потсетиме, Конте пред почетокот на сезонава доби отказ од Челси, иако една година претходно ги однесе до шампионската титула.

По отказот се поврзуваше и со преземање на Реал Мадрид, но тогаш не се договорија, а 50-годишниот стратег реши да се одмори од работата.