Конте се жали на недостаток на опции во одбраната, а Германците му земаат стопер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марзио пренесува дека Шалке е во преговори околу ангажирање на фудбалер на лондонските Сини.

Имено, Ди Марзио пишува дека Шалке има намера проблемите во одбраната да ги реши со ангажирање на Курт Зума!

Иако е тешко да се поверува во такво нешто, погодото бидејќи од Французинот се очекува да биде предводник на бедемот на Челси во иднина, италијанскиот новинар тврди дека договор меѓу двете страни е многу блиску.

Шалке има проблем во последната линија, поразени се на старот од Бундеслигата од Ајнтрахт, а ни на Челси баш  на „цветаат рози“ позади поради тоа што Конте на располагање ги има само Тери, Кејхил и споменатиот Зума, кој се опоравува од тешката повреда која ја здоби во минатата сезона.

„Сините“ сакаат уште еден стопер, последно име кое се доведува во врска со нив е Стефан Де Фрај од Лацио, а голема желба и понатака е Калиду Кулибали од Наполи.

Клубот од Гелзенкирхен сака поранешниот играч на Сент Етјен да го доведе на едногодишна позајмица, со право на откуп за одредена сума по истекот на привремената соработка.

Доколку Зума навистина го напушти „Стенфорд Бриџ“ тогаш нема соменвање дека по пат за Лондон ќе тргнат Кулибали и Де Фрај.