Конте сепак останува без најголемата желба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер ги доведе Диего Годин и Валентино Лазаро, но најголемата желба на Конте е далеку од Џузепе Меаца.

Една од главните желби на Конте за ова лето е Николо Барела, чиј трансфер во Интер веќе не е така извесен.

Претседателот на Каљари Томасо Гуилини потврди дека Рома во овој момент е најблизу до трансфер на Барела.

„Имавме договор со Интер за Барела и уште од 11. јуни ја договоривме фиксната уплата. Останаа уште бонусите. А тогаш Интер ги снема околу 20тина дена. Сега се договоривме со Рома, имаме потполно разбирање. Сега на ред е Барела да одлучи, најверојатно во наредните 2 дена“, изјави претседателот на Каљари.

Барела е репрезентативец на Италија и има 22 години, а игра на позицијата централен везен и дефинитивно Конте ќе биде во проблеми доколку се одлучи за Рома.

Барелоа во Серија А има одиграно 100 натпревари и има постигнато седум голови, а пред Каљари играше и за Комо во Серија Б.