Конте верува дека со Наполи ќе го освои Скудетото


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Тренерот на Наполи Антонио Конте изјави дека неговиот тим и понатаму игра над своите реални можности и додаде дека верува дека клубот од Наполи може да ја освои титулата во Серија А, објавија денес италијанските медиуми.

Фудбалерите на Наполи одиграа во неделата навечер на свој терен нерешено со Џенова (2:2), додека Интер на гости го совлада Торино (2:0) во 36-тото коло на Серија А.

Наполи се наоѓа на првото место на табелата два кола пред крајот на италијанското првенство со 78 поени, додека Интер е втор со 77.

Завршницата на сезоната претставува цел која на почеток беше апсолутно незамислива. Би било неверојатно да го оствариме тоа. Овие навивачи го заслужуваат тоа, бидејќи луѓето од Наполи не следеа со многу страст и ентузијазам – рече Конте.

И понатаму играме над своите реални можности, и затоа можеме само да им се заблагодариме на овие играчи за сè. Горчливо е, бидејќи резултатот не беше праведен, но секогаш им кажувам дека деталите прават разлика, а во тие детали можевме да бидеме подобри – додаде тренерот на Наполи.

Тој истакна дека Наполи пропушти голем број шанси на натпреварот против Џенова.

Џенова имаше два удари во рамките на голот и постигна два гола. Такви работи се случуваат во фудбалот – кога ќе примиш гол, секогаш постои нешто што можеше подобро да направиш – наведе Конте.

Фудбалерите на Наполи ќе му гостуваат на Парма во 37-то коло, а потоа во последното коло ќе го пречекаат Каљари. Интер најпрво ќе ја пречека Лацио на својот терен, а потоа ќе му гостува на Комо.

Фото: Принтскрин