Корина ќе ги „изгори“ сите поради лажно интервју на Шумахер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Семејството на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер ќе го тужи германскиот медиум „Дие Актуеле“ кој објави лажно интервју со поранешниот возач.

Тие со користење на вештачка интелигенција, која одговарала на прашањата, сакале да ја зголемат популарноста и да привлечат внимание, но во исто време му наштети на семејството.

„ЕСПН“ објави дека сопругата на Шумахер, Корина планира да ги тужи новинарите на „Дие Актуеле“ поради нанесена душевна болка.

За здравствената состојба на Шумахер не се познати многу детали, откако легендарниот возач имаше несреќа на скијање во Швајцарија, по што една година беше во кома, а потоа префрлен на домашно лекување.