Коронавирусот ќе ги одложи сите спортски настани во државата?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Владата на денешната седница треба да дискутира по предлогот на министерот за здравство, Венко Филипче, за забрана на сите јавни собири во државата како превентива од ширење на коронавирусот, што ако се усвои ќе значи и одложување на сите спортски настани закажани во следниот период.

министерот за здравство информираше дека ќе предложи до Владата да се забранат сите големи јавни собири на една недела, без разлика дали се на отворен или затворен простор, вклучувајќи ги и спорските натпревари.

Се чека на седница на Владата овој предлог да биде прифатен или одбиен.

Викендов имаме голем број на настани во Македонија. Вардар игра против Монпеље, се играат мечевите од Првата и Втората фудбалска лига, како и кошаркарски средби.