Коронавирусот нападна и во Сенегал, Мане веднаш донираше пари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане веќе долги години им помага на жителите на Сенегал, а сега се вклучи и во борбата против коронавирусот.

Кога го забележа растот на случаите на коронавирусот во Сенегал, Мане реши да реагира и да уплати 45.000 евра до националниот одбор.

Африканскиот играч на годината исто така им даде совети на своите фанови за мерките кои треба да ги применуваат за да се заштитат.

Во моментов вкупен број на потврдени случаи на Ковид-19 во Сенегал е 27, но се очекуваат уште повеќе заразени во следниот период.

Фудбалот и останатите спортови се запрени во многу држави, па засега се очекува развој на ситуацијата, по што ќе се донесе одлука дали ќе продолжат првенствата.