„Корпа“ за Реал и Јувентус: Халанд сака во Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот напаѓач на Ред Бул Салцбург, Ерлинг Халанд со своите игри го привлече вниманието на големите европски клубови меѓу кои Манчестер Јунајтед, Арсенал, Јувентус, Реал Мадрид и Наполи.

Сепак, како што изјави таткото на младиот фудбалер, кој своевремено играше за Лидс Јунајтед и Манчесте Сити, неговиот син сака да се пресели во Премиер лигата.

„Ерлинг навиваше за клубовите во коииграв јас, а роден е во Лидс. Тогаш уште беше мал, а едно е да си навивач, а друго е да си играч. Во една фаза од животот ќе одлучи дека треба да оди во Премиер лигата, а кога ќе се случи тоа не можам да ви кажам со сигурност. Нема да брзамен, не сакам да зборувам за цената за којаможе да се продаде“ –изјави Алф Инге.

Инаку интересно е тоа што Халанд како мал навивал за Сити, додека сениорското деби му го дал актуелниот стратег на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, па се уште не се знае каде тој ќе ја продолжи кариерата.