Кошаркар на Хјустон добил ќотек по забава во стриптиз клуб 🎥

Кошаркарот на Хјустон рокетс, Стерлинг Браун бил претепан пред неколку дена во Мајами. Тој се забавувал во еден стриптиз клуб, но се случиле некакви проблеми кои прераснале во тепачка.

Кошаркарот на Хјустон бил нападнат на 19 април, откако по излегувањето од клубот влегол во погрешен автомобил. Лицата кои биле внатре го нападнале, а еден од нив наводно го удрил со шише во глава.

Новинарот на „Фокс“, Енди Слотер објави снимка на која се гледа Браун по тепачката, а со него заедно е и соиграчот Кевин Портер јуниор.

Снимката покажува дека Браун добил ќотек и разговара со полицијата, а случајот се обидува да го објасни и неговиот соиграч.