Кошаркар на Лејкерс приведен поради марихуана!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Алекс Карусо бил уапсен синоќа во Тексас затоа што имал марихуана.

Американските медиуми објавија дека Карусо сакал да се качи на авион, но при прегледите му биле откриени недозволени супстанции.

Карузо бил пуштен од притвор откако платил кауција од 552 долари, а му била одредена казна од 4.200 долари, кои нема да му бидат проблем да ги плати.

Рекреативното користење на марихуана кај кошаркарите е вообичаено, посебно надвор од сезоната.

Лејкерс беше елиминиран во првото коло од плејофот од Феникс санс, а овој 28-годишен кошаркар сезонава одигра 58 меча и во просек постигнуваше по 6,4 поени, 2,9 скокови и 2,8 асистенции.

Ова лето му завршува договорот со Лејкерс, па ќе биде слободен играч.