Кошаркар на Лејкерс удри со глава во паркет, веднаш беше пренесен во болница! 🎥


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Алекс Карусо го напушти натпреварот против Индијана Пејсерс откако удри со глава во паркет.

Карусо падна при еден напад кога се обидуваше да ја додаде топката од Кајл Кузма. Американскиот кошаркар по падот ја напушти играта и заврши во болница.

До незгодната повреда играше 10 минути и постигна два поени, четири скокови и една асистенција, а Лејкерс го доби мечот со 105-100.