Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарот на Партизан, Никола Јанковиќ е позитивен на вирусот Ковид-19, барем така објавија српските медиуми во текот на денот.
Според нив, Јанковиќ во последно време се чувствувал многу лошо, имал висока температура, па му препорачале да се тестира на Ковид-19.
За жал, тестот бил позитивен па така во следните денови цел тим на Партизан ќе мора да се тестира, а има шанси уште неколку кошаркари да се позитивни.
За да биде ситуацијата уште полоша, Јанковиќ заедно со соиграчите присуствувал на големото фудбалско дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда, на кое имаше повеќе од 17.000 гледачи, а исто така бил во контакт и со Никола Јокиќ и Новак Ѓоковиќ.