Кошаркар од НБА ќе загуби 40 милиони долари поради љубовна врска!?


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Кошаркарот на Оклахома сити тандер, Џош Гиди би можел да загуби околу 40 милиони долари откако НБА-лигата почна истрага против него, а тоа го натера спонзорот „Вит-Бикс“ да се повлече.

Гиди се најде на удар на јавноста поради љубовна врска со малолетна девојка, а потоа лигата објави дека се води истрага против кошаркарот.

„Вит-Бикс“ е австралиски бренд за житарки, односно еден од најпопуларните на континентот, па Гиди наскоро би можел да загуби околу 40 милиони долари.

„Свесни сме за ситуацијата со Гиди и чекаме одредени работи да се потврдат. Во контакт сме со неговиот менаџерски тим и чекаме детали“, објавија од брендот.