Кошаркар од НБА обвинет за киднапирање и убиство на својата девојка!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Американскиот кошаркар Ченс Коменчи е осомничен за убиството на неговата поранешна девојка, 23-годишната Марјана Роџерс која била пријавена за исчезната на 6 декември минатата година.

Америка ја потресоа шокантните вести дека било пронајдено телото на девојката, а Коменчи бил приведен заедно со сегашната девојка по што обвинителите соопштиле дека кошаркарот ќе добие кривична пријава.

Полицијата долго време трагаше по исчезнатата девојка, а нејзиното тело било пронајдено во околината на Лас Вегас.

Доколку биде прогласен за виновен, кошаркарот на Сакраменто кингс се соочуван со доживотен затвор, а во обвинението може да биде вклучена и сегашната девојка на Коменчи.