Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Најдобриот спортски портал „The Athletic“ спроведе анкета во која НБА играчите гласаа помеѓу Никола Јокиќ и Шеј Гилџес-Александер за новиот МВП на лигата.
Според анонимната анкета, во која учествуваа 155 НБА играчи, дури 56,1 процент гласале за Гилџес-Александер, додека 37,4 проценти му дале поддршка на Јокиќ.
Новинарите Сем Ејмик и Џош Робинс истакнуваат дека учесниците на анкетата особено нагласиле две работи во корист на Канаѓанецот – најдобриот скор на Оклахома во лигата (68 победи и 14 порази) и неговиот импресивен напаѓачки учинок, со просек од 32,7 поени по натпревар, што го прави најдобар стрелец во НБА лигата.
Јокиќ, од друга страна, немаше ништо помалку импресивна сезона – како трет играч во историјата кој просечно бележеше трипл-дабл во текот на целата сезона, го предводеше Денвер Нагетс до 50 победи.
Фото: Denver Nuggets/FB