Кошчелни од наредната сезона во Бундеслигата?

Францускиот дефанзивец од редовите на Арсенал, Лоран Кошчелни ова лето би можел да ја промени средината.

Имено, за неговите услуги интерес покажа Баерн Минхен кој е спремен после Европското првенство да испрати официјална понуда до “Топџиите”.

Кошчелни во последните сезони е еден од клучните фудбалери на Арсенал во одбраната, а во Баерн имаше улога на резерва и замена за Хумелс и Боатенг.

Освен Баерн интерес за него покажа и Реал Мадрид.