Коста добива уште еден предизвик – ќе се обиде да ја покори Серија А!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Диего Коста во Атлетико Мадри се врати пред две години од Челси, но во моментов не му оди како што очекуваше. Овој 31-годишен напаѓач има многу проблеми со повреди, па не е прв избор во нападот на тимот на Диего Симеоне.

Симеоне повеќе му верува на Алваро Мората, а тоа јасно му покажува на Коста дека треба да си ја побара среќата во друг клуб.

„Мундо Депортиво“ верува дека Коста најверојатно ќе ја продолжи кариерата во италијанската Серија А. Тој се поврзуваше со трансфер во Рома, но во борбата се вклучи и Наполи.

Коста има договор со Атлетико до 2021 година, но клубот нема да му прави проблеми доколку сака да ја напушти екипата. Најголем проблем е висината на неговата плата, која не можат да му ја дадат Рома и Наполи.