Коста по осум месеци пауза се пресели во Бразил


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светските медиуми пишуваат дека Диего Коста се враќа во Бразил, откако искусниот напаѓач потпишал договор со Атлетико Минеиро, а клубот ја потврди оваа вест преку социјалните мрежи.

Коста остави длабока трага во Атлетико Мадрид, а имаше и одлична епизода во редовите на Челси, додека во кариерата играше за уште неколку екипи, додека од јануари е слободен играч.

За Коста ова ќе биде враќање во татковината, каде што на почетокот на кариерата го носеше дресот на бразилска Барселона.

Интересно е тоа што Коста има и два настапи за Бразил, но подоцна ја промени репрезентацијата и го носеше дресот на Шпанија.