Костадинов ги скина лигаментите – го чека операција и долга пауза!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов кој игра во Пјаст Гливице заработи тешка повреда и ги скина лигаментите.

Костадинов во 77. минута од натпреварот мораше да биде заменет откако ги скина лигаментите на коленото и пред него е долга пауза.

Македонецот го чека долга пауза од пет-шест месеци, па јасно е дека ќе го пропушти финишот од сезоната и се очекува враќање на почетокот на следната.

„Ќе се вратам посилен, ви благодарам за поддршката“, напиша Костадинов.

ФОТО: ФФМ