Ковач ја губи соблекувалната, пресудата му е напишана?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Хрватскиот стратег кој седи на клупата на Баерн Минхен, Нико Ковач ги губи конците во Баерн Минхен.

Стратегот освен лошите резултати, не е во најдобар однос и со играчите, а тоа речиси секогаш знае да биде погубно за тренерите.

Минатата сезона Ковач се трудеше да се ослободи од Арјен Робен и Френк Рибери, а ова лето тоа му успеа. Сега Хрватот тргна против легендата на клубот, Томас  Милер кој долго време е надвор од неговите планови.

Навивачите сигурно, а веројатно ни управата нема да му простат доколку Ковач продолжи да прави неред во соблекувалните на тимот, па се очекува тој наскоро да добие отказ.