Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Авантурата на Нико Ковач на кормилото на Баерн Минхен заврши со отказ по дебаклот против Ајнтрахт Франкфурт со 1-5.
Германски „Билд“ ги открил последните детали од состанокот на хрватскиот стратег и фудбалерите на актуелниот шампион на Германија.
Ковач ги собрал фудбалерите вчера во 9.45 часот и им одржал 20-минутен говор, а посебно криткувал тројца фудбалери.
„Не се обидувај да бидеш маѓионичар“, му кажал на Тиаго, а потоа на Гнабри му порачал „Многу лесно ја губиш топката“, додека на крајот му кажал на Боатенг мора да биде малку попаметен додека игра.
Додека се чека наследникот на Ковач, привремено на тренерската позиција ќе биде Ханс Флик, кој од 2006 до 2014 година му асистираше на Јоаким Лев во репрезентацијата на Германија.