Ковач не сака на клупата на „паднатиот“ гигант: „Тоа е апсолутна глупост“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот тренер Нико Ковач со посета на Англија предизвика лавина од шпекулации

Изминатиот месец Ковач (48) доби отказ во Баерн и од тогаш константно се шпекулира околу тоа каде ќе ја продолжи кариерата. Вест Хем, Херта, …, тоа беа само некои од клубовите со кој се поврзуваше, а некои медиуми на Островот го гледаа и во – Арсенал.

Ковач наводно од трибините го следел вчерашниот натпревар на Арсенал и наводно по некој свој застапник испратил порака дека тој со задоволство би бил тренер на Топџиите, а реномираниот медиум – Goal на целото тоа додаде дека контактите се веќе остварени.

Сепак, не се чекаше долго за одговорот после таквите пишувања.

„Тоа е апсолутна глупост. Ковач засега нема интерес да работи, се дистанцираше.“, гласи пораката која дојде од блискиот круг на Нико Ковач.

Ниту навивачите на Арсенал не се заинтересирани за Ковач, па за наследник на Емери ги посакуваат Макс Алегри или Карло Анчелоти.