Ковид-19 ја нападна Црвена Звезда!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Коронавирусот повторно се врати во редовите на Црвена Звезда. Информацијата ја потврди белградскиот клуб на својата официјална страна и порача дека шест фудбалери се позитивни на Ковид-19.

Позитивен тест добија Срѓан Спиридоновиќ, Вељко Николиќ и Страхиња Ераковиќ, Марко Гобељиќ, Бранко Јовичиќ и Душан Јованчиќ.

Споменатите фудбалери нема да се појават денес на тренингот, додека другите добија негативен тест.

„Шест фудбалери од нашиот тим во следните две недели ќе бидат во карантин, што автоматски значи дека нема да бидат на подготовките“, пишува во соопштението.