До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Конор Галагер е еден од играчите кој лесно би можеле да го променат клубот во јануарскиот преоден рок.
Според последните информации, Галагер е незадоволен од својот статус оваа сезона, и покрај тоа што Дјего Симеоне сака да го задржи, Англичанецот има привлечни понуди од Премиер лигата.
Најавно, се споменуваат Манчестер јунајтед, Тотенхем и Њукасл, кои би го довеле на позајмица со можност за откуп следното лето.
Но, за Галагер е најважна сигурната минутажа бидејќи верува дека би можел да се наметне на Томас Тухел пред Светското првенство 2026 година.
Тој пристигна во Атлетико Мадрид во летото 2024 година од Челси за 42.000.000 евра, и досега одигра 75 натпревари, со седум голови и исто толку асистенции.
















