Крадци влегле во домот на Погба и го ограбиле додека му спиеле децата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Погба објави дека во неговиот дом во Манчестер влегле крадци додека бил на натпреварот против Атлетико Мадрид.

Никој од неговото семејство не е повреден, но во момент на упад на крадците, децата на Погба спиеле во една од собите.

„Минатата вечер моето семејство преживеа хорор кога разбравме дека домот ни бил ограбен, и тоа додека децата спиеле во нивните соби. Крадците во нашиот дом биле помалку од пет минути, а притоа земале пари, но и нашето чувство за безбедност. Тоа се случило во последните минути од натпреварот, точно кога знаеле дека не сме дома. Мојата сопруга тргна итно дома со тоа што не знаеше дали нашите деца се повредени или не“, вели Погба.