Крај на агонијата на францускиот фудбалер: Адриен Рабиот се договори со Реал?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Француските медиуми тврдат.

На агонијата на францускиот фудбалер Адриен Рабиот конечно и се ближи крајот..
Според информациите од француските медиуми, 23 годишниот везен од летото ќе стане нов играч на мадридскиот Реал со кој во изминатите денови успеа да се договори за понатамошна соработка.

Тренерот на француската екипа, Томас Тухел со месеци нема милост спрема Рабиот и само заради тоа што одби да го продолжи договорот.

И покрај тоа што не игра во ПСЖ неколку месеци, интересот за неговите услуги е огромен, а на крајот од целата конкуренција (Арсенал, Барселона, Манчестер Јунајтед и Реал) наводно ги одбрал Кралевите.

Последниот меч во дресот на францускиот првак, Рабиот го одигра во декември минатата година, а оваа сезона настапи во вкупно 14 натпревари.

Потврдата за трансферот на Рабиот од ПСЖ во Реал Мадрид би требало да се случи во наредните денови.