Крај на една ера: Манчестер Сити во очај, покрај Гвардиола заминува и творецот на европскиот гигант!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во Манчестер Сити следното лето би можело да дојде до големи промени бидејќи се очекува Пеп Гвардиола да го напушти клубот, но изгледа дека нема да биде единствениот. Англичаните пишуваат дека и директорот Цики Бегиристајн одлучил да го напушти „Итихад“ што за овој клуб претставува голем удар.

Гвардиола пред неколку месеци изјави дека е моментално многу поблиску до заминување отколку останување во Манчестер Сити, а тековниот договор му истекува на крајот на оваа сезона.

Манчестер Сити му порача на шпанскиот стручњак дека новиот договор е подготвен и дека до крајот на декември мора да се изјасни за да можат да бараат нов тренер доколку навистина одлучи да го напушти „Итихад“.

Меѓутоа, изгледа дека Гвардиола нема да биде единствениот кој ќе го напушти шампионот на Англија следното лето бидејќи Сити ќе доживее можеби и потежок удар.

Англиските медиуми синоќа објавија ударна вест дека Манчестер Сити на крајот на сезоната ќе го напушти и спортскиот директор кој во овој клуб пристигна пред 12 години.

Шпанецот ја презеде функцијата спортски директор на „Граѓаните“ во октомври 2012 година, откако седум години претходно ја обавуваше оваа функција во Барселона со многу успех.

Бегиристајн е сигурно еден од најзаслужните за сите успеси кои Манчестер Сити ги постигна во последните десет години бидејќи беше задолжен за трансферите и тоа го извршуваше речиси без грешка.

.