Крај на шпекулациите: Алонсо потпиша нов договор со Астон Мартин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот светски шампион Фернандо Алонсо ќе остане во Астон Мартин најмалку до 2026 година, откако вчера потпиша нов договор со екипата од Формула 1.

Алонсо во јули ќе наполни 43 години, но не планира да престане со трките во Ф1, посебно кога има солидни резултати со Астон Мартин.

Во изминатиот период имаше шпекулации дека Алонсо ќе се пресели во Мерцедес или Ред Бул, но Шпанецот вчера ги демантираше сите и реши да остане во Астон Мартин.