Крај на турнејата за Ѓулер: Турчинот итно се врати во Мадрид (Фото)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Арда Ѓулер летово го засили Реал Мадрид и се очекува да биде еден од предводниците на екипата во иднина.

За жал, Ѓулер се повредил на подготовките и не настапи против Милан и Манчестер јунајтед, а проблем му создавале болките во коленото.

Реал Мадрид соопшти дека Ѓулер итно се враќа во Шпанија и ова значи крај на турнејата во САД за талентираниот Турчин.

„Сакав да бидам на теренот, но морав да се вратам во Мадрид за да почнам со рехабилитација. Ви благодарам за поддршката“, напиша Ѓулер.