Крал на кошарката – Леброн повторно на врвот


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Кливленд Кавалирс се нови НБА шампиони. Во седмиот одлучувачки натпревар Кавс на гостување го совладаа Голден Стејт со 93:89 и ја освоија титулата.

Фантастичен натпревар беше виден во Оукленд, а на крајот Кливленд предводен од Леброн Џејмс се радуваше.

Натпреварот беше одлучен во драматична завршница. Во последната минута Кајри Ирвинг погоди тројка преку Стеф Кари за водство на Кливленд од 92:89. Потоа Кари се обиде да врати на другата страна, но промаши. Џејмс се најде на линијата за слободни фрлања. Погоди едно и радувањето можеше да почне. Кливленд за прв пат стана шампион.

Кралот заврши со трипл-дабл, 27 поени, 11 скока и 11 асистенции. Кајри Ирвинг додаде 26 поени од кои неколку луди потези и чудесната тројка. На другата страна Дрејмонд Грин беше неверојатен, 32 поени, 15 скока и 9 асистенции. Кари го заврши натпреварот со 17 поени.